Божествена Промисла #1

Ngu Emanuel Swedenborg

Funda lesi Sigaba

  
Yiya esigabeni / 340  
  

1. Божествена Промисла

За да разбереме што е Божествена Промисла и дека тоа е правило на Божествената љубов и Божествената мудрост Господова, важно е да се знаат работите во врска со Божествената љубов и мудрост кои се веќе изнесени и покажани во дискусијата на таа тема. Тие се следните: во Господа, Божествената љубов е од Божествената Мудрост, а Божествената Мудрост е од Божествената Љубов. Божествената љубов и мудроста мора нужно да постојат во она што е создадено од нив. Сите нешта во универзумот се создадени од Божествената Љубов и Мудрост. Сите нешта во универзумот се приматели на Божествената Љубов и Мудрост. Господ се јавува пред ангелите како Сонце; топлината што доаѓа од таму е љубовта, светлината што доаѓа од таму е мудроста. Божествената љубов и мудроста, кои доаѓаат од Господа, се едно. Господ од вечноста, кој е Јехова, го создал универзумот и се што е во него од Себе, а не од ништо. Овие работи се наоѓаат во расправата наречена АНГЕЛСКА МУДРОСТ ЗА БОЖЕСТВЕНАТА ЉУБОВ И МУДРОСТ.

  
Yiya esigabeni / 340  
  

Many thanks to Novi Jerusalem (Balkans) for the permission to use this translation.